СВЕТ
Мелони: Италија останува лојална на САД, но без потчинетост

Италија останува лојална на Соединетите Американски Држави, но без потчинетост, изјави премиерката Џорџија Мелони во интервју за агенцијата ADNKronos.
„Решени сме да ги потврдиме нашите интереси, во рамките на традиционалното пријателство со САД, со лојалност, но без подреденост“, рече Мелони.
Таа додаде дека премногу пати била цел на „срамни сексистички напади“ и дека оние кои се залагаат за правата на жените во тоа време молчеле.