ВЕСТИСВЕТ

Мелони: Проширете го членот 5 на НАТО за Украина, не испраќајте европски војници

Италијанската премиерка Џорџија Мелони предложи да се прошири заштитата од член 5 на НАТО на Украина, без земјата да се прими во Алијансата и го повтори противењето на нејзината влада за распоредување европски трупи во Украина на вонредниот самит што се одржа во четвртокот во Брисел.

Advertisements

„Многу сум збунета околу европските трупи, мислам дека тие не се ефикасни“, рече Мелони за можноста за нивно распоредување во Украина како дел од мировните напори, пренесува Анса.

Таа рече дека во тој случај ќе ја „отфрли“ можноста за испраќање италијански војници во Украина и рече дека е „подобро да се размислува за долгорочни решенија“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button