Мемеди: Се води кампања против Детската клиника
Мемеди: Се води кампања против Детската клиника

Директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди рече дека некои поединци со дезинформации и расистички написи водат кампања против клиниката и против него, дури и злоупотребувајќи ги децата. Тој рече дека смртноста на бебињата во оваа клиника е многукратно помала од претходните години. Тој зборуваше и за смртта на 14-месечното бебе за кое рече дека интубацијата не е причина за смртта, додавајќи дека имаат забелешки за извештајот на комисијата.
„Од табелата прикажана со податоците од информацискиот систем на Детската клиника, јасно се забележува дека сега имаме речиси двојно помала смртност во однос на пред 5 години или трипати помала смртност во однос на пред 9 или 10 години каде што имаше просек од 9 смртни случаи месечно, значи во просек по еден смртен случај на секои 3 дена, во време кога други ја водеа Детската клиника, а имаше друга влада„, рече Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.
На прес-конференцијата Мемеди зборуваше и за состојбите во Клиниката. Тој рече дека Клиниката ја нашол во тешка состојба и со многу дефекти кои според него се од висок ризик.
„На пример, ќе ја потенцирам кујната во која се подготвува храна за деца, во многу амортизирана состојба, со стари контејнери стари над 20 години кои носат висок ризик во процесот на подготовка на храна за деца. Го имаме и проблемот со лифтовите кои се, некои од нив постари од 40 години, амортизирани, не функционираат и кои не се решени со години. Потоа го имаме делот од пумпната станица, таму е пумпата, хидрофорот кој обезбедува висок притисок за хидрантите што ги имаме во секој оддел, во случај на пожари и слично, за жал овие хидранти од 2018 година не се во функција, не се користат и тоа е состојба која има висок ризик“, изјави Реџеп Мемеди, директор на Детска клиника.
Мемеди рече дека за ваквата состојба е информиран и министерот за здравство Арбен Таравари и дека се во постапка на нивно отстранување./Алсат.мк
Линда Ебиби