
Левиот бек Нуњо Мендеш беше човек на одлука постигнувајќи го третиот гол во судиското продолжение на „Паркот на Принцовите“, но португалскиот интернационалец веднаш по мечот испрати јасна порака до соиграчите – ништо не е готово и Астон Вила никако не смее да биде потценета на реваншот.
„Третиот гол навистина ни ја зголеми самодовербата, добро е да имате два гола предност пред реваншот, но тоа не значи дека треба да се опуштаме. Плус два не е преголема позитива во ЛШ, каде секоја грешка скапо се плаќа. Мораме да бидеме фокусирани бидејќи се може да се промени во секунда. Ако примиме гол во првото полувреме, би си направиле многу проблеми бидејќи тие ќе ја имаат поддршката од трибините. Затоа, мораме да ги одиграме сите 90 минути како на денешниот меч“, изјави Мендеш.