Мендух Тачи, меѓу политичарите со најдолг стаж на политичката сцена во земјава
Мендух Тачи, меѓу политичарите со најдолг стаж на политичката сцена во земјава

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој по професија е стоматолог, а по занает политичар, е меѓу личностите со најдолг стаж на политичката сцена во земјава, некогаш на власт, некогаш во опозиција, иако никогаш не победил на изборите. Од 2004 година го следи американската црна листа, во која беше ставен за екстремистички активности за поткопување на Охридскиот договор. Евентуалното заминување на Мендух Тачи од Европскиот фронт повеќе го наметна прашањето дали овој чин навестува почеток на реконфигурација на политичката сцена, а не на иднината на соработката на ДПА со опозициската коалиција, во која и покрај тоа , придонесува само со еден пратеник. Прашањето е дали евентуалното напуштање на Тачи значи почетна точка за уништување на Европскиот фронт, кој коалицијата ВЛЕН континуирано го напаѓа. Сепак, најавите на ДПА се дека и да го напушти Фронтот, Тачи ќе ја продолжи комуникацијата со лидерот Али Ахмети.
Соединувањето на Ахмети и Тачи во предизборна коалиција не беше природно. Ова го призна и лидерот на ДУИ.
„Да му речеше некому пред 15-16 години дека јас и Мендух Тачи заедно ќе потпишеме договор за фронт, ќе речеше дека е лудост“, рече Али Ахмети, лидер на ДУИ.
Само четири години пред изјавата на Ахмети, Тачи го обвини првиот човек на ДУИ дека води криминална група, па дури и сакал физички да го елиминира.
„ Али Ахмети е лидер на криминална група која 18 години ги тероризираше Албанците од Македонија.
Кога успеаја да ги клекнат секого на колена и да го исплашат, сакаа и физички да ме елиминираат.
Али Ахмети 18 години ги тероризира Албанците од Македонија и јас немам ништо заедничко со него. Ниту ќе имам во иднина„, рекол Мендух Тачи, претседател на ДПА.
Откако му даде „збор“ на Ахмети за коалиција, Тачи ја смени реториката кон првиот човек на ДУИ за 360 степени. Сакајќи да ја оправда коалицијата со заколнатиот политички противник, Тачи изјави дека со ДУИ соработувал уште пред војната во 2001 година.
„Знам дека изгледа чудно, можеби често неразбирливо и банално. Но, да потсетам дека соработката со господинот Ахмети и неговата партија не е сегашна. Не е од денес. Оваа соработка има историја, во оваа историја има документирани факти и оваа историја започнува со Призренскиот договор“, рече Мендух Тачи, претседателот на ДПА.
Црна дамка во биографијата на Тачи несомнено е прислушувањето кое го објави поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот се слуша како Тачи му кажува на тогашниот шеф на Тајната полиција, Сашо Мијалков дека ќе му биде верен до смрт. Како резултат на прислушувањето, Тачи беше осуден на три години затвор за изборни нерегуларности, но казната никогаш не ја одлежа. Предметот продолжува да талка низ судските лавиринти. Иако Заев го објави прислушувањето, тоа не го спречи Тачи да стане дел од владата предводена од самиот Заев. Дури, во некои јавни настапи се пофали дека Заев направил повеќе за Албанците отколку ДУИ. Во 2021 година, за време на предизборната кампања, Тачи беше фатен од полицијата како управува возило, во кое заедно со други лица оштетиле изборен материјал на опозицискиот кандидат од Алијансата за Албанците./Алсат.мк
Суад Бајрами