ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Менувањето на собранискиот Деловник, по носењето на Буџетот за 2021 година

Разгледувањето на измените и дополнувањата на Деловникот на Собранието се очекува да започне по одобрувањето на буџетот. Техничкиот аспект на амандманите е завршен, додека Комисијата за мандатно имунитетни прашања чека да се ослободи салата каде е во тек расправа за буџетот.

Advertisements

Мнозинството не очекува опозицијата да се откаже од 3.050-тте предложени амандмани. Минов додава дека намерата на опозицијата е злонамерна.

Опозицијата е децидна; нема да дозволи да се измени Деловникот со кршење на Уставот. Предложените измени предвидуваат можност на пратениците кои се во изолација како резултат на Ковид-19, да може да гласаат од дома. Опозицијата проценува дека владата ја предлага оваа промена за да ги надмине тешкотиите поради кревкото мнозинство. Амандмани предложија ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса – Алтернатива, како и Левица, чии предлози претежно беа иронични.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button