ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

МЕПСО бара зголемување на трошоците за цели 68%

Додека во регулаторна се крчка нова цена на струјата за домаќинствата, граѓаните ги чекаат и најавените тарифници од кои исто така ќе зависи висината на сметките за електрична енергија. Според достапните податоци од РКЕ, но и пресметките на колегите од „360 Степени“, може да се види дека на домаќинствата кои добиваат сметки за струја над 10 илјади денари големи се шансите сметките да им пораснат за 50 отсто. Доколку регулаторот одлучи да има три блока на корисници, а тие би се движеле од 250 до над 500 потрошени киловат часови електрична енергија, тарифирањето би се движело од нешто над 7 денари за киловат час во првите два блока, но двојно повеќе односно над 15 денари за киловат час кај домаќинствата кои што повеќе трошат.

Advertisements

Ова значи дека цените ќе останат исти за оие кои трошат до 500 киловати часови, но ќе бидат повисоки за они кои трошат повеќе.

Според актуелниот начин на тарифирање, семејство кое во еден од зимските месеци платило 10.446 денари за потрошени 1071 киловат часови во висока и 525 киловат часови во ниска тарифа, по новиот тарифник: за евтина тарифа би платиле по старо, за скапа тарифа – за потрошувачката до 250 киловати би платиле околу 1737 денари, за следните 250 киловати часови до 500 киловати ќе се плати 1830 денари, а за преостанатите 570 киловати – 8 565 денари. Сметката која годинава чинела 10 446 денари со новиот тарифен модел ќе ќини 14. 947 денари.

Регулаторот уверува дека граѓаните кои ги замениле грејните тела на дрва и купиле клими, инвертори или слични апарати на струја дека нема да влезат во последниот тарифен блок кој ќе добива највисоки сметки, туку за нив ќе има посебно тарифи модели. Сега останува регулаторна да ги прочешла трошоците на енергетските компании и да објави колку од нив ќе прифати.

Државната енергетска компанија МЕПСО побара од Регулаторна да и се зголемат приходите за 68 отсто. Учеството на преносната тарифа на МЕПСО нема големо влијание врз крајната цена на струјата за потрошувачите и таа изнесува околу 4 %.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button