ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
МЕПСО има проблем да ги подмири долговите од 17 милиони евра

Директорот на МЕПСО, Куштрим Рамадани, во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ ги поздрави најавите за прогласување кризна енергетска состојба, додавајќи дека главниот проблем на компанијата што ја води е проблем да ги вратат долговите кон европската мрежа во висина од 17 милиони евра.
„Го поздравувам донесувањето на регулативата за прогласување вонредна енергетска состојба и тоа не е со цел да се знае што ќе се случи, туку се олеснуваат некои административни бариери при трансферот на средства на компаниите. Секој милион евра е добредојден. Нашиот главен проблем е да ги исплатиме долговите кон европската мрежа, кои се околу 85 гигават часови, што изнесува 17 милиони евра“, потенцира Рамадани.