
Во Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и АД МЕПСО наменет за зајакнување на преносната мрежа.
Македонија има за цел енергетска транзиција до 2030 година и со ваквите проекти се очекува да и се помогне на земјата да ја исполни целта рече министерката за енергетика, рудници и минерали, Сања Божиновска.
Вкупната вредност на проектот е 34,7 милиони евра, од кои 26,4 милиони евра се обезбедени со заем од ЕБОР, а 7,6 милиони евра се обезбедени од Инвестицискиот фонд на ЕУ за Западен Балкан и половина милион евра од Фондот за климатски инвестиции за транзиција од јаглен. ЕБОР наведува дека досега има инвестирано над 2,8 милијарди евра во 190 проекти во земјава.
Аднан Ќаили