ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари

Уште една недела трае мерката за замрзнување на профитната маржа на прехранбените производи коишто се дел од есенската потрошувачка кошничка. Со владината одлука намалени се цените на 73 основни прехранбени производи. Податоците од Сојузот на синдикати на Македонија објавени вчера покажуваат дека минималните трошоци на едно семејство во октомври се намалени за 57 денари. И додека власта смета дека мерката дава резултати, од СДСМ во Собранието поднесоа предлог-законски измени со кои бараат зголемување на минималната плата на 450 евра.

Advertisements

Според ССМ, податоците од синдикалната минимална кошница која за октомври изнесува 61.249,00 денари без трошоците за изнајмен стан од 60 метри квадратни, покажуваат дека мерката на Владата дала дел од посакуваните ефекти, но дека цените треба уште да се намалуваат бидејќи нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика.

– Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот ка храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намелана за 965,00 денари, велат од ССМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button