СВЕТ

Меркел: Борбата против ковид-19 е задача на векот

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во своето последно новогодишно обраќање пред граѓаните како шеф на германската Влада, им се заблагодари на своите сонародници за напорите во борбата против коронавирусот. „Оваа 2020 година стана година во која многу луѓе се надминаа себеси“, вели таа.

Advertisements

Канцеларката посвети посебно внимание на заслугите на вработените во здравствените установи, домовите за стари и изнемоштени лица и припадниците на вооружените сили.

„И покрај пандемијата, животот беше можен благодарение на напорите на многу луѓе – во супермаркетите и товарните возила, во поштите, јавниот превоз, полициските станици, училиштата и градинките, црквите и медиумите“, потсети Меркел.

Таа ги критикуваше корона-скептиците. За неа теориите на заговор не се само лажни и опасни, туку се и цинични и сурови кон оние кои ги изгубиле своите најблиски во пандемијата.

„Германија не треба да ги заборави и другите задачи, бидејќи коронавирусот нема да биде централна тема следната година. Светот брзо се менува, затоа Германија мора да развие смели идеи со сета своја моќ и креативност за иднината, на пример во областа на економијата и нејзиното позитивно влијание врз климата. Во последните 15 години никогаш не сме ја чувствувале годината што заминува толку тешко и никогаш, и покрај неизвесноста од опасностите и скептицизмот, со толкава надеж не сме гледале кон Новата година“, рече канцеларката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button