СВЕТ

Меркел ја поддржа заедничката изјава на Путин, Макрон и Трамп за Карабах

Германската канцеларка Ангела Меркел разговараше телефонски со ерменскиот премиер Никола Пашинијан и притоа целосно ја поддржа заедничката изјава на копретседателите на Минската група на ОБСЕ (Русија, САД и Франција) на 1 октомври, изјави претставникот на германската влада, Улрике Демер.

Advertisements

Меркел разговараше со Пашинијан за ескалацијата на конфликтот во Нагорно Карабах и изрази загриженост за тековните конфликти и зголемувањето на бројот на жртвите. Таа истакна дека страните мора веднаш да ги прекинат непријателствата и да ги продолжат преговорите.

Да потсетиме, претседателите на Русија, Соединетите Американски Држави и Франција претходно усвоија изјава за состојбата во Нагорно Карабах. Владимир Путин, Емануел Макрон и Доналд Трамп повикаа на итен прекин на борбите во Нагорно Карабах. Претседателите ги повикаа Азербејџан и Ерменија да ги продолжат преговорите за Нагорно Карабах без предуслови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button