
Германската канцеларка Ангела Меркел сака да ги задржи ограничувањата за спречување на ширењето на коронавирусот барем до 1 март, изјавија за Ројтерс учесниците на состанокот на нејзината конзервативна парламентарна група. Меркел и лидерите на 16-те германски држави денеска треба да разговараат дали може да се преземат чекори за олеснување на мерките за заклучување кои се во сила од ноември и беа засилени во средината на декември.
„Треба да почекаме до 1 март“, ја цитираа Меркел учесниците на состанокот. „Мојата цел ќе биде да не морам да коригирам чекори за повторно отворање со понатамошни чекори на затворање“, додала Меркел.