ВЕСТИ

Меркел: Влегуваме во најкритичниот период на пандемиајта, опасност од нови мутации отпорни на вакцините

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека бројот на инфекции во Германија мора да се намали во следните неколку недели, бидејќи постои ризик од нови, мутирани соеви на вирусот корона кои ќе бидат отпорни на вакцините.

Advertisements

“Влеговме во најопасната фаза на пандемијата. Во следните неколку недели ќе биде разјаснето дали можеме да ја одржиме пандемијата под контрола”, рече Меркел, пренесува Ројтерс.

Шефицата на кабинетот на германската канцеларка, Хелга Браун, за германските медиуми потврди дека земјата влегува во најопасната фаза на пандемијата.

“Ако имаме брзо зголемување на бројот на новоинфицирани повторно, постои голема опасност вирусот да мутира и да стане отпорен на вакцините. Тогаш ќе ни треба нова вакцина и вакцинацијата ќе треба да започне од самиот почеток”, предупреди Браун .

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button