
Британската кралица Елизабета Втора денеска ќе ја прими германската канцеларка Ангела Меркел во замокот Виндзор, на околу 40 километри од Лондон, соопшти Бакингемската палата. Средбата меѓу британската кралица и германската канцеларка, која го напушта своето место по парламентарните избори во септември, ќе се одржи во попладневните часови, се додава во соопштението. Тие се сретнаа во средината на јуни за време на самитот на лидерите на Г7 во Корнвол на југот на Англија.