Мерки, изгласана потребата за законските измени

Изгласана потребата за предлог-законот за заштита на населението од заразни болести. “ЗА“ гласаа 60 пратеници, додека 32 беа воздржани. Немаше гласови против.
Министерот за здравство, Венко Филипче, бранејќи ја потребата за усвојување на предлогот, истакна дека предвидените мерки ќе имаат ефект против пандемијата.
Македонската опозиција најави амандмани и бара Специјална комисија за инфективни болести и разрешување на сегашниот состав на комисијата заедно со оставката на министерот Филипче. Албанската опозиција исто така ќе предложи амандмани. Алијансата за Албанците и Алтернатива се приклучија на опозицискиот предлог за нов закон кој предвидува Државна комисија за борба против пандемијата. Гласањето за законот ќе зависи од прифаќањето или отфрлање на нивните амандмани. Утре ќе се одржи комисијата за здравство, каде се очекува да започне постапката за читање на амандманите. Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, ќе и се овозможи на Владата да донесе построги мерки како што се носење маски на отворено, ограничување на групирања на повеќе од четири лица после 22 часот и ограничување на семејни собири.
Adrian Kerimi