ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мерки за сообраќајна безбедност во Полошко

Немањето речни заштитни мрежи, но и непочитувањето на сообраќајните знаци во делот на мостовите на реките, каде што вообичаено се стеснува патот најчесто се предизвикуваат несреќи, дури и со трагични последици. Од Управата за заштита и спасување велат дека неколку пати е побарано од општините да преземат мерки за чистење на реките, но и да постават мрежи. Од оваа институција велат дека ваква мерка презела само општина Гостивар, додека во останатите општини покрај Вардар не е преземено ништо, пишува Алсат.

„Од страна на општините е добро да се постават мрежи во реките кои се надлежност на локалната самоуправа. Управата за заштита и спасување во текот на секоја летна и зимска сезона има превентивни средби со локалните самоуправи и ги алармира, но тие немаат средства да постават мрежи. Управата годинава има направено и национален план каде се бара овие заштитни мрежи да ги побара Владата и да ги дистрибуира преку Министерството за екологија. Затоа Министерството треба да преземе мерки и да го реши ова прашање.“, рече Ариф Арифи, раководител на Управата за заштита и спасување.

За зачестените сообраќајки од СВР Тетово ги обвинуваат и возачите. Несреќите најчесто се случувале поради непочитување на знаците за предупредување, особено на местата каде што има реки.

„Бројот на казни кои се изрекуваат е многу голем, но и несреќите. Причина е и невниманието на возачите за кои почесто поважен е мобилниот телефон или пушењето додека возат, а тоа причина за сообраќајни несреќи со смртни последици. Повторувам. Има доволно знаци на автопатот, знаци за опасност и предупредувања дека патот се стеснува и треба да се биде внимателен бидејќи секој пропуст или невнимание во сообраќајот ги доведува во прашање нивните животи.“ рече Фатмир Реџепи – Портпарол на СВР Тетово. Инаку, за само една година во Тетовско имаше два случаја на лица кои загинаа во Вардар./Алсат.мк

БАШКИМ СУЛЕЈМАНИ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button