ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мерко доби согласност да отвори факултет за здравствени науки

Мерко доби согласност да отвори факултет за здравствени науки

На два дена пред заминување од министерската фотеља во образование, Јетон Шаќири го потпишал решението за исполнетост на услови за почеток со работа на факултетот за здравствени науки при Меѓународниот Универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко. Ова за Алсат го потврдија од МОН. Позитивно мислење претходно дале и Агенцијата за квалитет на високо образование и Одборот за акредитации.Од МОН велат дека поради потребата од повеќе здравствени работници во државата, Владата во изминатиот период поддржала повеќе иницијативи за основање на нови единици во состав на неколку високообразовни установи кои ќе реализираат студиски програми од соодветната област. Исто така од страна на Владата на почетокот на април дадено е и позитивно мислење за основање на Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга, каде ќе има тригодишни студии за медицински сестри. Од МОН велат дека погрешна е информацијата дека ќе има студии за едукација на доктори. Од Лекарската комора велат дека Законот не ги вклучува во процесот на носење одлуки.Очекуваат дека надлежниите институции како и поединечните факултети ќе ги преземат сите потребни мерки и активности за да го обезбедат потребното ниво на знаење кај студентите.Рамиз Мерко е на црната листа на САД веќе една година и против него се водат неколку судски процеси. /Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button