ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мерко: Разбирам зошто сум обвинет, но не се чувствувам виновен

„Не се чуствувам виновен“, рече струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако денес на главната расправа, се соочи очи во очи со судијата и јавниот обвинител. Тој е обвинет за несовесно работење во службата, односно за незаконско поставување на в.д директори во основните училишта во селата Лабуништа, Подгорци, и Браќа Миладиновци во Струга, за кои ќе се води еден судски предмет, како и за училиштето во Велешта.

Advertisements

„Разбирам зошто сум обвинет, но воопшто не се чуствувам виновен за кривичното дело, бидејки сум направил еден континуитет на работата на Основните училишта во Струга“, рече Мерко.

Во судница како сведок исказ даваше  и Адем Ајдароски, екс директорот на училиштето во Подгорци, кој Мерко го постави за в.д директор. Рече дека пред да биде назначен не бил вработен во училиштето и оти три пати бил именуван за в.д директор. Кажа дека од државниот просветен инспекторат го информирле дека не ги исполнува условите за директор.

„Ме разрешија бидејки јас поднесов барање да ме разрешат поради лични причини. Од Државната комисија за спречување на корупција побараа да дадам оставка“, рече Ајдароски.

За кривичното дело поставување на в.д директор во селото Велешта, ќе се води посебен процес, бидејки во истиот има и други обвинети лица.

„За кривичното дело кое се води за Основното училиште во Велешта, имаме две кривични дела, несовесно работење и фалсификување на исправи. И тука четири лица се обвинети. Рамиз Мерко се изјасни дека не се чусвствува воопшто виновен? Ние имаме докази, кои тоа ќе го докажеме дека тој го сторил кривичното дело. Ќе одлучи судот колку ќе го осуди за кривичното дело“, рече Џемал Лога- заменик јавен обвинител.

А, за колку време би можело да има судска разрешница, судијата нема одговор.

„Тоа не би можел да го кажам .Се ќе биде шпекулација.Се ќе зависи од доказниот материјал.И на денешното судско рочиште примивме обемна листа на докази, со која треба да се запознаат и другите обвинети и обвинителството“, рече Јордан Јованов-судија.

Мерко кривично се гони и за набавката на луксузното ауди А6 од 70. 000 евра и на уште три други автомобили во време кога општината била со облокирана жиро сметка.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button