СВЕТ

Мерц: Европа мора да биде подготвена да се брани без САД

Фридрих Мерц, кандидат за иден германски канцелар, денеска изјави дека Европа мора да биде подготвена да се брани без САД.

Advertisements

„Мораме да се подготвиме за можноста Доналд Трамп веќе безусловно да не ја поддржува заемната одбранбена обврска на НАТО“, рече Мерц, пренесе Политико.

Мерц рече дека според неговото мислење, од клучно значење е Европејците да вложат најголеми можни напори за да се осигураат дека барем самите се способни да го бранат европскиот континент.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button