ВЕСТИСВЕТ

Мерц: Ќе го ограничиме бројот на баратели на азил

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека новата федерална влада ќе се стреми бројот на баратели на азил да не надмине 100 000 годишно, јави ДПА.

„Нашите градови, училишта, болници и инфраструктура се веќе на работ на издржливост“, изјави Мерц за германската телевизија АРД.
Тој го потврди планот за запирање на спојувањето на семејства и најави широка кампања за депортација, како што е наведено во коалицискиот договор меѓу неговата конзервативна коалиција (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Advertisements

Мерц најави дека ќе воведе механизми за одбивање на мигрантите уште на границите, а соработка со соседните држави веќе е започната.

Во 2024 година, Германија регистрирала речиси 230 000 барања за азил, што е за околу 100 000 помалку од 2023.

Мерц смета дека капацитетот на Германија е максимум 100 000 барања годишно.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button