СВЕТ
Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Лидерот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и најверојатно иден канцелар на Германија, Фридрих Мерц, денеска изјави дека сака да коалицира со Социјалдемократската партија (СПД) и дека во наредните денови ќе ги започне преговорите.
Тој на прес-конференција во Берлин рече дека миграцијата, економијата и одбраната се клучни теми за преговорите со СПД, пренесува Ројтерс.
„Ние Европејците мора брзо да бидеме способни да дејствуваме брзо, особено кога станува збор за одбраната“, рече тој.