СПОРТФУДБАЛ

“Mеси е најдобриот играч во историјата, не ме споредувајте со него”

Младиот шпански крилен напаѓач Ламин Јамал, иако наскоро ќе наполни 17 години, со својот фудбалски талент ја воодушевува планетата на актуелното Европско првенство во Германија.

Тој е многу важен дел од шпанската репрезентација која синоќа со победата над Грузија од 4-1 стигна до четврт-финалето, а по мечот Јамал новинарите го споредија со славниот Лионел Меси.

„Тој е најдобриот играч во историјата и фактот што нѐ споредуваат е неверојатен, но тоа не е на место. Никој не може да се спореди со него, а јас штотуку започнав. Се надевам дека ќе постигнам само половина од работите од неговата кариера“, изјави скромниот фудбалер на Барселона.

Сè уште се чека на голот на Јамал на ЕП, кој би го направил најмладиот стрелец во историјата на европските првенства. Засега може да се пофали со две асистенции на четири меча.

Шпанија во петок од 18 часот ќе игра против Германија во Штутгарт, што ќе биде големо четвртфинално дерби.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button