
Светскиот првак Аргентина се пласира во финалето на Копа Америка откако ја совлада Канада со 2-0 во полуфиналната пресметка. Аргентинците за првпат по 31 година ќе влезат во финале како бранители на трофејот.
Хулијан Алварез во 22. минута го отвори резултатот со прецизен удар, а на почетокот на вториот дел Лионел Меси зголеми на 2-0. Тоа беше негов 109. гол за „гаучосите“, а ѕвездата на тимот сега има 28 гола на последните 25 натпревари за Аргентина.
Во финалето Аргентина ќе го очекува победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Колумбија и Уругвај.