СПОРТФУДБАЛ

Меси, под прашалник за светските квалификации за аргентинската репрезентација

Еден од најдобрите играчи на сите времиња Лионел Меси, е под прашалник за светските квалификации за аргентинската репрезентација против Парагвај, и покрај фактот што напаѓачот тренира со својата селекција.

Advertisements

Капитенот на светскиот првак настапи за својата селекција минатиот месец во победата над Еквадор, но го пропушти мечот против Боливија.

Аргентина во четврток на свој терен го пречекува Парагвај. Светскиот првак и Бразил стартуваа со по две победи во квалификациите. Меси не играше за Мајами на последните четири меча поради повреда, и се врати во саботата во натпреварот против Синсинати откако ги одигра последните десетина минути.

Медиумите во Аргентина тврдат дека Меси ќе игра против Парагвај, само не е познато дали ќе стартува или ќе влезе во вториот дел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button