СПОРТФУДБАЛ

Meси подготвен да и помогне на Аргентина против Канада

Капитенот на националниот тим на Аргентина, Лионел Меси, ќе биде подготвен за полуфиналето на Копа Америка против Канада вечерва во Њу Џерси, изјави селекторот Лионел Скалони.

Advertisements

Меси се врати во игра во четвртфиналето против Еквадор, откако го пропушти последниот натпревар од групната фаза поради повреда. Тој го одигра целиот меч, но изгледаше дека не е физички подготвен. 37-годишната ѕвезда на Интер Мајами не реализира пенал за време на изведувањето пенали на стадионот во Хјустон.

„Лео е добро, така што тој ќе биде дел од натпреварот, ние сме спокојни за тоа. Неговото ниво е добро, тој е клучен играч за нас“, призна селекторот Скалони..

Аргентина и Канада ќе се сретнат по вторпат на турнирот, по натпреварот на отворањето во групата А, кој светскиот шампион го доби со 2-0. Скалони објави дека овојпат тој и селекторот на Канада, Џеси Марш, ќе бараат „нешто различно“.

„Сите тренери се обидуваат да ги корегираат своите грешки и да го повредат противникот. Секој треба да направи нешто различно. Ќе се обидеме да ја задржиме топката и да им попречиме да го играат нивниот стил. Канада има физички силни играчи, кои се и добри техничари. Нивниот селектор форсира агресивен стил на игра“, додаде aргентинецот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button