

Алсат
30.06.2020 11:49
Престижниот спортски сајт „Гол“ ја ажурираше листата на десет претенденти за освојување на „Златна топка“ оваа сезона. Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски и натаму е прв фаворит, Кристијано Роналдо од Јувентус се искачи на второто место, додека трет е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин.
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси кој во претходното рангирање беше на третото место, падна за една позиција.
Топ 5 кандидати за „Златна топка“ според „Гол“:
1. Роберт Левандовски
2. Кристијано Роналдо
3. Кевин де Бруин
4. Лионел Меси
5. Томас Милер (Баерн)