СПОРТФУДБАЛ

Меси се израмни со Али Деи, пред него е само Роналдо

Актуелниот освојувач на Златната Топка, Лионел Меси ноќеска постигна два гола во победата против Гватемала со 4-1 и стигна до бројката од 108 во дресот на аргентинската репрезентација.

Со тоа, тој се израмни со Али Даеи на второто место на вечната листа на стрелци за своите репрезентации со тоа што поранешниот напаѓач од Иран до оваа бројка стигна на само 148 натпревар, за разлика од Меси кому му требаа 182.

Пред аргентинецот сега е единствено Кристијано Роналдо со 130 гола. Интересно е тоа што Меси сега има двојно повеќе голови од вториот стрелец во историјата на аргентинската репрезентација, Габриел Батистута кој застана на 54.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button