ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Месна идндустрија: Месото уште ќе поскапува

Претставниците на месната индустрија најавуваат нови поскапувања на месните производи.
И свежи и преработени, граѓаните од септември ќе се соочат со нови цени.

Advertisements

Од Стопанската комора бараат Владата да ги намали увозните царини за суровини за преработка на говедско, свинско и пилешко месо и да обезбеди ист третман со фирмите увозници, во спротивно најавуваат затворање на капацитетите или нивно преместување во соседните земји.

За разлика од другите земји во регионот, цената на месото во Макдонија е меѓу најскапите . Свежото, замрзнато и преработено месо на пазарот на мало се движи од 5-25 евра за килограм. Од Секторот за месната индустрија велат дека годинава домашниот производствен капацитет е намален за 20-30 отсто, а голем број работници се отпуштени. Суровината главно се добива од Украина и Русија, но од почетокот на војната увозот на суровина се добива од Канада. Сега и таму цените се зголемени.

Гоце Трајчев рече дека локалните компании за преработка на месо имаат капацитет не само целосно да го задоволат локалниот пазар, туку имаат и капацитет за извоз, доколку имаа фер конкуренција.

Претставниците на месно производство и преработувачката индустрија, алармираат за неправилната регулатива што се однесува на локалните производители во однос на адитивите во месото. Оттаму велат дека локалните производители добиваат казни од Агенцијата за храна и ветеринарство доколку присуството на фосфати и полифосфати во преработката надмине 0,5 или 5000 единици на килограм, додека според регулативата на ЕУ во сите соседни земји и во европската регулатива се дозволени 0,8 или 8000 Единици во kg. Тоа значи дека производителите кои увезуваат месо од странство носат повеќе адитиви и не се казнети.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button