СПОРТ

Местење натпревари, доживотна суспензија за двајцата српски ракометни судии

Двајцата српски ракометни судии, Александар Панџиќ и Иван Мошорински, добија доживотна суспензија поради местење натпревари. Имено, како што пренесува „HandNews“, портал специјализиран за ракомет, српските судии Панџиќ и Мошорински се доживотно суспендирани од сите активности на ЕХФ.

Advertisements

Причината поради која е донесена оваа одлука е тоа што тие биле вклучени во местење натпревари, тврди „HandNews“. Двајца судии добија доживотна суспензија бидејќи биле вмешани во местење натпревари на Европското првенство во ракомет.

Истиот додава дека покрај доживотна суспензија, биле казнети и парично со по 2.000 евра. Се додава дека судиите не се појавијле на рочиштето, но барањето на ЕХФ било прифатено и тие и официјално се избришани од списоците на функционери на ЕХФ за натпреварите што се организираат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button