МЕТРОПОЛ

Метаморфоза, Македонскиот хип-хоп доживува преобразба

Пред недела дена искочи новата песна „Метаморфоза“ која е соработка на Martix ft. Druggy. Песната ќе биде дел од новиот албум на Druggy – Druggy гледачи.

Martix e  хипхоп артист од Кочани кој до сега има објавено еден соло албум „neverAmore“ eдно EP во соработка со Lux Kmala насловено како „Буден Сонувам“ и две EP изданија како дел од хип-хоп групата Стих Наумов.

Druggy e добро познат на македонската рап и трап сцена како дел од TRAP DA FUCK UP, како дел од Anomalia Nativa, продуцент на својот прв албум Druggy слушатели и многу соработки со македонски и странски артисти како Bun B.

Метаморфоза е песна која е енергична и во себе содржи и некаков “industrial“ призвук. Текстот е остар и прецизен и одлично се вклопува со енергичната позадина која го следи. Можеме да сретнеме и неколку референци како Ацо Караманов, Грегор Самса (Метаморфоза), но и уште многу други зборовни игри.

Видео записот можете да го погледнте на следниов линк.

https://www.youtube.com/watch?v=qkZz8CG-3D0

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button