МАКЕДОНИЈА

Михаел Рот утре доаѓа во посета на Скопје

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот утре ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Advertisements

Како што стои на веб страницата на Собранието, Рот утре ќе има средба со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

Засега има потврда и за средба на германскиот пратеник со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Рот, пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button