СПОРТФУДБАЛ

Михтарјан ќе потпише нов договор со миланскиот гигант

Еден од најстандардните фудбалери во првиот тим на Интер, Хенрик Михтарјан наскоро ќе го продолжи договорот со миланскиот клуб до јуни 2025 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Advertisements

Пред неколку недели Михтарјан усно се согласи да го продолжи договорот со Интер. Двете страни наскоро ќе потпишат продолжување на соработката. Ерменскиот ас во клубот од Милано пристигна во 2022 година и има активен договор со Интер до 30 јуни 2024 година.

Пред Интер, Михтарјан настапуваше за Рома, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, Шахтјор, Металург и Пјуник. За Интер оваа сезона одигра седумнаесет натпревари и постигна два гола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button