Мијалков осуден на 12 години затвор, за Јанкуловска 4 – изречени пресудитe за „Таргет-Тврдина“

На поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, Судот му изрече затворска казна во траење од 12 години. Осуден е во случајот за нелегалното прислушување, познат под работен наслов „Таргет-Тврдина“.
За истиот случај, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска заработи затвор во траење од 4 години.
На бегалците Никола Бошковски и Горан Грујевски изречена им е затворска казна во висина од по 15 години.
Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски е осуден на затворска казна во траење од 6 години.
Судот изрече и неколку условни казни.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.
Судењето за „Таргет – Тврдина “ започна на 22 декември 2017 година.