Мијалков си молчеше на судењето за изборни нерегуларности
Мијалков си молчеше на судењето за изборни нерегуларности

По отсуството на последното рочиште, поранешниот директор на тајната полиција, Сашо Мијалков, денеска од затворот Струга беше донесен во Кривичниот суд во Скопје за случајот „Титаник 2“. Рочиштето траеше два часа, но Мијалков и неговата одбрана беа молчаливи. Останатите обвинети Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и Сашо Срцев им поставија многу прашања на сведоците, а Мијалков и неговата одбрана целата седница ја поминаа во апсолутен молк. Тоа е затоа што се многу големи шансите тој да биде ослободен од обвинението за овој случај, бидејќи делото за него може да застари за четири месеци. Обвинителот Гаврил Бубевски, се надева дека нема да дојде до тоа.
Бубевски, кој беше дел од СЈО, рече дека како многу граѓани, така и тој се чувствува разочаран што немало епилог за многу случаи на СЈО.
Во моментов, случајот „Титаник 2“ е во доказна постапка по втор пат, бидејќи во декември 2019 година Апелациониот суд во Скопје, ја укина пресудата на Кривичниот суд за затворски казни. Според обвинението, Сашо Мијалков преку Мендух Тачи му наредил на неговиот сопартиец од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на гласањето на избирачко место во Струмица, во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска меѓу сведоците беа и поранешниот претставник на ДУИ во ДИК, Субхи Јакупи, поранешниот претседател на ДИК Борис Кондарко и поранешните членови Виолета Дума и Васил Крстев./Алсат.мк
Ардит Рамадани