СПОРТ

Микаела Шифрин потврди дека нема да се натпреварува во дисциплината спуст

Американската скијачка Микаела Шифрин најави дека оваа сезона нема да се натпреварува во дисциплината спуст и дека ќе се посвети повеќе на техничките дисциплини.

Advertisements

Три дена пред почетокот на Светскиот куп во скијање, Шифрин за време на онлајн прес-конференција рече дека одлучила да не се натпреварува во спуст и дека сака да се фокусира на слалом, велеслалом и супервелеслалом.

„Минатата година сакав да се подобрам во спуст, но сега сакам да се фокусирам на супервелеслалом, па решив да не се натпреварувам во спуст, за да имам повеќе време да тренирам за супервелеслалом, но и за техничките дисциплини“, изјави Шифрин.

Шифрин досега забележа 97 победи во Светскиот куп, што е апсолутен рекорд

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button