СПОРТФУДБАЛ

Милан ја објави разделбата со Пиоли, се чека Фонсека

Милан ја објави разделбата со тренерот Стефано Пиоли, кој го презеде тимот во 2019 и го предводеше до титулата во Серија А во 2022 година.

Се очекуваше Пиоли да го напушти клубот по сезоната во која Милан заврши на второто место во Серија А, но не успеа да се носи со градскиот ривал Интер во трката за титулата, испадна во групната фаза од Лигата на Шампионите, а потоа имаше разочарувачки елиминации во Купот на Италија и во Лига Европа.

„Милан изразува срдечна благодарност до Стефано Пиоли и целиот негов стручен штаб што го водеа првиот тим во изминатите пет години, обезбедија незаборавна титула во лигата и повторно воспоставија постојано присуство на Милан во највисокото европско натпреварување“, се вели во официјалното соопштение.

„Професионализмот и човечкиот пристап на Стефано значително придонесоа за растот на тимот, отелотворувајќи ги основните вредности на клубот од првиот ден“, велат од Милан.

Пиоли стана херој на „росонерите“ кога ги доведе до нивниот прв трофеј во Серија А по 11 години, а потоа се бореше да го надгради тој успех.

„Стефано Пиоли ја изразува својата благодарност до Милан за можноста да биде дел од историјата на овој славен клуб“, се вели во соопштението на клупската веб-страница.

„Тој е длабоко благодарен на сопствеништвото, управата, тимот, персоналот и сите во Миланело и Каса Милан за нивната поддршка и извонредна посветеност“.

Менаџерот на Лил, Пауло Фонсека, кој претходно ја водеше Рома, е фаворит за преземање на клушата на Милан и наводно веќе е постигнат договор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button