СПОРТФУДБАЛ

Милан се договори со Фонсека за соработка до 2026 година

Поранешниот италијански шампион Милан се договори со Пауло Фонсека за соработка до 2026 година.

Фонсека го напушти Лил на крајот на сезоната, по што имаше успешни преговори со Милан и му се допадна проектот кој му го претстави калчолигашот. Искусниот тренер потпиша договор до јуни 2026 година, а исто така постои опција за продолжување на соработката на уште една сезона.

Фонсека претходно работеше во Порто, Брага, Шахтер и Рома пред да се пресели во Лил во 2022 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button