
Претпоследниот шампион на Италија и лански полуфиналист во Лигата на шампионите, Милан, подготвува нов договор за напаѓачот Оливие Жиру. Актуелниот договор на Французинот истекува во летото 2024 година.
Клубот планира да понуди продолжување на соработката за уште една година, па иако 37-годишникот има неколку понуди од други клубови, спремен е да остане во Ломбардија. Заинтересирани за Жиру се клубови од Саудиска Арабија и од американската МЛС ига.
Сезонава Жиру настапи на дванаесет натпревари, постигна шест гола и креираше исто толку асистенции.