ВЕСТИРЕГИОНСВЕТ

Милановиќ: Хрватски војници нема да војуваат во Украина

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска не смее директно да се вклучи во конфликтот меѓу Русија и Украина, но дека сепак може да му обезбеди на Киев хуманитарна помош и воена опрема.

Advertisements

„Направив се и ќе направам се во иднина за да спречам каква било вмешаност на хрватските војници во војната во Украина на кој било начин, вклучително и учество во центри за обука. Дали некој ќе и даде воена опрема на украинската армија, тоа не е моја надлежност и нема да се мешам во тоа, изјави Милановиќ, а пренесе порталот Индекс.хр.

Претходно, хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ најави дека земјата следната година ќе одвои 66,6 милиони евра за помош за Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button