Милановиќ: Немојте да бидете жртва на изнудување за членство во ЕУ

Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква уцена или изнудување, кога станува збор за вашето членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со претседателката, Гордана Сиљановска Давкова.
-Тука не мислам да полемизирам, ниту мислам на вашата соседна држава Бугарија, тие имаат свои идеи како тоа треба да изгледа. Правилата се јасни, треба консензус, треба едногласност. Се додека некој е против Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено е прашањето дали тоа за вас и за вашите граѓани се уште е најважната работа на овој свет вредна во животот или има некои други работи кои може државата да ја дефинираат како успешна и реализирана заедница. Но тука јас немам совет, тоа е ваша одлука, рече Милановиќ.
Милановиќ истакна дека на Македонија треба да и се помогне, но не да се третира како посебен случај.