СПОРТФУДБАЛ

Милер е новиот рекордер на Баерн, го помина и легендарниот Сеп Мајер

Томас Милер, стана рекордер на Баерн по бројот на одиграни натпревари во Бундеслигата. На натпреварот против Волфсбург, Милер го забележа својот 474. првенствен настап за Баерн, со што го надмина претходниот рекордер Сеп Мајер.

Advertisements

Баерн го победи Волфсбург со 3:2, а Милер влезе во игра како замена во 65. минута, наместо Саша Боје. Токму неговото влегување го сменитекот на мечот. Две акции на Милер резултираа со два гола и Баерн кој имаше негатива 2:1, на крајот победи со 2:3.

Милер, исто така се израмни со Сеп Мајер по бројот на вкупно одиграни натпревари во дресот на Баерн, 709. Германскиот играч од средниот ред дебитираше за Баерн во 2008 година против Хамбург.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button