МАКЕДОНИЈА
Милевска: Победата на Макрон со олеснување дочекана во Брисел

Новинарката од Брисел, Тања Милевска, во своето вечерашно јавување во „Емисија 200“ на Алсат, коментирајќи ги пост изборните случувања во Франција, рече дека резултатите од изборите се со олеснување примени во Брисел, иако пред претседателот Макрон допрва престојат сериозни предизвици на домашен и на меѓународен план.
„Институциите во Брисел се свесни дека оваа победа на Макрон не е драматична. Тој однесе победа бидејќи луѓето гласаа против Ле Пен, а не за Макрон. Јасно е дека Макрон ќе има многу предизвици на домашен план, а истовремено ќе сака да ја врати Франција во центарот на ЕУ, особено сега, кога Германија е далеку послаба“, рече Милевска.