СПОРТФУДБАЛ

Милевски утре ќе го објави списокот за мечевите против Италија и Англија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски в четврток ќе ги соопшти имињата на фудбалерите на кои смета за мечевите против Италија и Англија.

Advertisements

Фудбалската селекција на Македонија е пред завршната фаза од квалификациите за Европското првенство во Германија. Во рамките од групата Ц ѝ преостануваат уште два натпревари и тоа против европските гиганти и финалисти на последниот континентален шампионат.

На 17 ноември Македонија игра квалификациски меч против Италија во Рим, а три дена подоцна во Скопје ќе гостува најскапата селекција во светот, моќната Англија. Милевски утре ќе го објави списокот на фудбалери за овие два натпревари и ќе одржи прес-конференција. На две кола до крајот Македонија е на четвртата позиција со седум бода. Лидер е Англија со 16, втора е Италија со 13 бода, а десет има Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button