ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Милевски за Алсат: Во вторник ќе поднесам оставка до Владата

Министерот за локална самоуправа и воедно претседател на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, во разговор за Алсат потврди дека во вторник ќе поднесе оставка до Владата. Заминувањето од министерската позиција, според Милевски, има врска со лични причини, додека тој останува на позицијата следниот министер да биде и од ЛДП. По оставката од функцијата во извршната власт, се очекува Милевски да се откаже од раководството на партијата. Неофицијално, кандидатот кој ја таргетира позицијата на Милевски во партијата е пратеничката Моника Зајкова.

Advertisements

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button