
Целта на Хрватска е во следните недели е да набави најмалку милион дози од руската вакцина против ковид-19 Спутник V, можно е дури и повеќе ако е потребно, а неофицијално се споменуваат и до два милиони, објави Јутарњи лист. Така, Хрватска, заедно со пратките на други производители на вакцини, може да има 70 проценти од популацијата вакцинирани до летото, што се верува дека е потребно за запирање на епидемијата, што е одличен почеток за туристичката сезона од која зависи хрватската економија, вели хрватскиот весник.
Планот е Хрватска да ја добие вакцината пред таа да биде одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), а потоа да ја чека дозволата од ЕМА за да може веднаш да почне вакцинацијата. Ако ЕМА одолжува, хрватската Агенција за лекови и медицински помагала (Халмед) ќе има начин да ја одобри вакцината дури и пред тоа да го стори агенцијата на Европската Унија.