МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Ако ова е историски ден нека го повикаат народот на заедничка прослава

Доколку ова денеска е историски ден, откако ќе се вратат од Брисел премиерот Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава, а не да одат во Клубот на пратеници на затворена прослава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Advertisements

Според Милошоски, се гледа дека тие се срамат од ова што го прават, но, како што рече, се обидуваат преку пиар пропаганда да го претстават денот како некој голем успешен историски ден.

– Во Брисел денеска имаме две држави, од коишто едната Албанија реално ќе ги започне преговорите со отворање на реална меѓувладина конференција и Македонија која што ќе има свечен ручек и фотографија и нема да ги започне преговорите, туку ќе се врати дома за да ги исполни уцените и барањата од Бугарија како предуслов за некогаш по година, две или покасно да ги започне преговорите со ЕУ, изјави Милошоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button