Милошоски и неговиот татко седнаа на обвинителна клупа за „Моќник“

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и неговиот татко седнаa на обвинителна клупа за случајот „Моќниќ“. Сепак рочиштето денеска се одложи, оти на судењето не дојдоа шест од тринаесетте обвинети кои или не добиле уредно покана или се болни од КОВИД 19. Недостасуваа и дел од адвокатите кои доставија до судот решенија за изолација поради контакт со заболени од корона вирус.
Овој случај се однесува за измама и злоупотреба на службената положба, при продажбата на „Здружниот дом“ во Македонски Брод. Обвинетиот Милошоски смета дека обвинението е политички мотивирано а обвинителството е под силно влијание на владата.
„Самото обвинение е компромитирано од две причини. Прво обвинениeто го има почнато како истрага, Катица Јанева, поранешна специјална ибвинителка која што видовме дека се заминавала и со рекетирање а го продолжува нејзината другарка Фатиме Фетаи за која што Државниот завод за ревизија утврди дека истата незаконски земала 87 илјади евра хонорари толку од Јанева и СЈО“, рече Милошоски.