ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Милошоски најавува дека ЗНАМ веројатно ќе биде дел од новата влада

По вчерашното прегласување, речиси е познат новиот парламентарен состав. Пратеникот и член на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски очекува дека новата влада ќе се формира до 20-ти јуни.

Тој во објава на социјална мрежа „Х“ истакна дека неговата партија освоила 58 места во парламентот, а дека коалицијата ВЛЕН, со која ВМРО-ДПМНЕ преговара за формирање нова Влада, има 14 мандати.

-Во новата влада најверојатно ќе учествуваат ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, стои во објавата на Милошоски.

Засега ВМРО-ДПМНЕ нема почнати официјални преговори со партијата на Максим Димитриевски за да бидат дел од новото владеачко мнозинство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button