МАКЕДОНИЈА
Милошоски: Продолжуваме со иницијативата за потписи за укинување на законот за попис

ВМРО-ДПМНЕ по враќањето на иницијативата за укинување на законот за попис од страна на Собранието, ќе ја продолжи иницијативата за собирање потписи од сите граѓани.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи оваа иницијатива на два начина. Еден начин е да се предложи законот преку пратеници. И легитимен начин преку блокирање на законот преку многу потписи од граѓани кои се носители на државниот суверенитет“, рече Милошоски.